Press "Enter" to skip to content

По празниците и -20 битолчани се вратија во колосек (фотогалерија)

По неработните денови по повод Божикните празници денес е првиот работен ден за битолчани и се вратија на секојдневните работни обврски.Денес претпладне иако температирата беше околу -12 степени, по утринските -20 степени, имаше луѓе по Широк Сокак, Старата битолска чаршија, а движење имаше и по околните улици околу центарот на градот.Само поради студот и Божикните празници, намалено беше движењето низ пазарот, но затоа пак по улиците нив Чаршијата имаше движење, но ретко кој влегуваше по дуќаните, а продавачките со топлеа на слабото сонце, со заби.Најмногу луѓе имаше по банките каде пензионерите ги подигнуваа пензиите, а веднаш и ги плаќаа сметките за комуналии.И на улиците се врати вообичаената сообраќајна гужва, а дел од возачите поради екстемно студено време имаа проблеми со стартувањето на возилата.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.