Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј со нови четири спонзори во пролетниот дел

Женскиот одбојкарски тим Пелистер Волеј склучи договор за соработка со четири моќни брендови од нашиот град.

Како генерален спонзор, кој ќе ги помага во 2019 година, е брендот број еден во спортските обложувалници “Евротип“, а исто така дел од ова партнерство стануваат “Gold Slot club“, “S/N осигурителен брокер“ АД Битола како и “S/N Финансиско друштво“

-Со овие нови партнерства прволигаш Пелистер Волеј и тоа како ја зацврстува својата позиција на спортската сцена. Секако, нашите резултати и определби како и начинот на кој до сега се развиваше Пелистер Волеј и тоа како одекнаа ширум јавноста, велат од Пелистер Волеј.

За почеток, Пелистер Волеј, ќе биде опремен со квалитетна спортска опрема која ќе биди брендирана, а централниот дел на новите дресови за пролетниот дел секако, ќе биди обезбеден за “Евротип“ – спортски обложувалници. Исто така на адреса на клубот ќе пристигни и се она што е неопходно за нормална работа и функционирање (топки, мрежи, антени, бројни реквизити за работа…).

Битола, додават тие, ќе се гордее со својот бренд, а сите оние кои се дел од нашиот клуб и тоа како ќе бидат мотивирани да останат дел од оваа успешна приказна.

За скоро, заедно со нашите партнери ќе има промоција на новата опрема, пред почетокот на пролетниот дел.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.