Press "Enter" to skip to content

Раул го затвори списокот, битолчаните Митревски, Кузмановски и Чурлевски денес “летаат“ на Светско во Германија

Селекторот на македонската ракометна селекција, Раул Гонзалес, ги реши сите дилеми, во врска со тоа кои 18 македонски репрезентативци ќе играат на претстојното Светско првенство во Германија.

Тројца битолчани се на списокот, голманот Никола Митревски кој брани во Констанца-Романија и членови на Еурофарм Работник, Филип Кузмановски и Филип Чурлевски.

На списокот на Раул за Германија се наоѓа и Горан Крстевски од екипата на Еурофарм Работник.Експедицијата на македонската ракометна репрезентација денес наутро отпатува за Минхен-Баварија, со надеж дека овој град нема да заврши нивниот мундијалски настап и дека ќе продолжат во следната фаза.

Инаки, селекторот избра 18 ракометари за македонската репрезентација, а во официјалниот протокол може да пријави 16. Селекторот има право на три промени во текот на групната фаза.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.