Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ со апел до битолчани за заштита на водомерите

Ниските температури кои владеат во Битола предизвикаа дефекти во водоводната мрежа во одредени домаќинства, најчесто од пукање на стаклата на водомерите.

Од ЈКП „Водовод“ апелираат граѓаните да ги заштитат своите водомери, бидејќи тоа е единственото алтернативно решение, а за сите дефекти и прекини во снабдувањето со вода да се обратат на дежурниот телефонски број 047238200.

Од ова јавно претпријатие информираат дека е зголемена потрошувачката на вода за околу 25%, односно во одредени делови од денот, особено во вечерните часови, таа достигнува и до 680 литри во секунда.

Стравувајќи од замрзнување на чешмите и цевките за вода, граѓаните  оставаат да тече вода постојано.

Сепак од ЈКП „Водовод“ апелираат водата да се користи рационално.

И покрај ваквите временски услови, снабдувањето со вода е непречено, а во меѓувреме за новонастанати дефекти, граѓаните можат да се јавуваат на дежурниот телефон.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.