Press "Enter" to skip to content

Апел за пријавување на бездомни лица заради згрижување

Поради екстремно ниските температури Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните доколку забележат бездомно лице да го пријават на дежурните телефонски броеви за да биде сместено во некои од прифатните пунктови коишто се во функција од почетокот на зимскиот период.  

Пријавувањето може да се прави  на следните телефонски броеви за Битола:

070 791 770,

071/397-272,

071/397-875.

По пријавата на овие телефонски броеви мобилните тимови од Центрите за социјална работа и на Црвениот крст излегуваат на терен и ги згрижуваат бездомниците во неколку пунктови во Скопје и низ Македонија каде што добиваат чиста облека, топол оброк, греење и лекарска помош.

На лицата коишто одбиваат да се сместат во некој од пунктовите им се дистрибуира вреќа за спиење, ќебе, облека, храна. 

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.