По големите дефекти на водоводната мрежа F-300, на неколку места во Битола и формирање на екипи за поправка, доцна во ноќта околу 23 часот, по извршените подговки и екипирање на тимовите, по ладно време, на -5 степени започна поправката на дефектите.Прво екипите започнаа со работа на десната страна на “Булеварот“, над Кланицата, кај новиот железен пешачки мост, работеа два багери.На другиот дефект во населбата “Карпош“ кај “Кланицата“ беше запрена водата, а полиција го обезбедува местото на дефектот, и го регулира сообраќајот некој од возачите да не пропадне во водата, како претходно некој возач.Големи дефекти покрај на овие две локации има и кај Касарната и во Долно Оризари.Од ЈКП “Водовод“ со соопштение информираа дека дефектите се поради големата температурна разлика и обилните снежни врнежи, а се на водоводната мрежа F-300.Поради дефектите без вода или со намален притисок се: улица “Булевар 1-ви Мај“ (пред населба Кланица), улица Партизанска со дел од областа кај старата Касарна, Буковски ливади и Долно Оризари.
На -5 степени започна поправка на дефектот на водоводната мрежа F-300 (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно, со повремени врнежи од дожд
- Денес бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите
- СВР Битола: 63 годишен битолчанец со воздушна пушка од балкон на Широк Сокак пукал во куче скитник
- Млади, музика, танцување за завршната франкофонска приредба во Битола (фотогалерија)
- Ден на добри дела во Битола: донација за женскиот центар за поддржка во Битола (фото)