Press "Enter" to skip to content

Опозицијата бара вонредна седница на Советот, вчера “Поинаку“ денес ВМРО-ДПМНЕ

Поради обилните врнежи од снег и најавите за многу ниски температури во наредниот период, Советничката групa на “Поинаку“, ја повика градоначалничката на Општина Битола – Наташа Петровска и претседателот на Совет, Валентин Груевски вда свикаат вонредна седница на Советот на Општина Битола, со една точка на дневен ред: превземање на ИТНИ мерки за справување со алармантната состојба во Битола, поради временската неприлика во која се наоѓа.

Денес и советичката група на ВМРО-ДПМНЕ со пред конфенција пред зградата на Општина Битола, која ја одржа советничката Елена Трајчевска, побара одржување на вонредна седница на Советот на општина Битола, а како причина за оправданоста за ваквата вонредна седница ги наведуваат експремно ниските температури, големите врнежи снег, зголемениот број повреди.

More from ВестиMore posts in Вести »