Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: празнична и пост празнична тага, депресивност или другата страна на “медалот“ наречен новогодишна еуфорија

Подготвил: Жанета Ристевска

После веселата, луда атмосфера и еуфорија која вледеее пред и за време на празниците, а таа празнична атмосфера често значи собирање на семејството и други блиски, многу храна, пијалок,  веселби и шопингхоличарска еуфорија.   

Периодот  пред и после Новогодишните празници го карактеризира и зголемено ниво на стрес, и зголемено чувство  на незадоволство, тага. Овде всушност станува збор за феноменот на празнична (Божикна)  депресија која трае неколку дена пред за време и после празниците Нова година и Божик.

Поизложени се оние личности кои чувствуваат незадоволство од својот живот, кои  се осамени или се чувствуваат осамено, оние кои  раскинале емоционална врска, губиток на блиска личност, оние кои се далеку од своите блиски.  Статистичките податоци зборуваат зголемно чувство на депресивност, тага  и депресија како и зголемен број на самоубиства во светот во овој период заради и што добил име. Тоа е другатра страна на медалот на т.н. празнична еуфорија.

Иако сите се радуваме на овој период многу пати сме и несреќни и можат да се јават чувства на незадоволство. Контраст на се околу нас и доколку другите се среќни и весели и  треба да бидеме весели, кај нас може да се јави чувство на тага како спротивно на веселост. Заради тоа може и да се чувстуваме и уште потажно и депресивно од друг период од годината.Тоа е и заради зимскиот период кога деновите се кратки, со  помалку сончева светлина. Потоа помалку сме физички активни, а јадеме храна која е со повеќе јаглени хидрати и масти особено за време на празниците, како и вишок на слободно време (исто заради празниците) кога и повеќе може ја чувствуваме осаменоста.

Нагласувње на празниците покрај шопингхоличарска  атмосфера , тука се и заедништво со семејството, блиските. Опкружени сме со сликите,  реклами на билборди кои  упатуваат  на тоа дека би требало да сте вљубени, имате среќно семејство, богата трпеза.

Но, тоа не е често во нашите домови. Обично пред и за време на празниците  како да сме сите под стрес да бидеме средени, дотерани, домот да ни биде украсен, трпезата богата и често во тој период   купуваме  и од повеќе од колку што ни треба. Во тој период  понекогаш  доаѓа и до несогласувања со пријателите околу договарање за тоа каде ќе се прославува. На семејните собири или слави доаѓа до  расправии, па и бурни кавги, навредување. На тие семејни собири или слави кога некој едвај чека некого да  “пецне“  за било што на личен или животен план. И она “па не морате и на празници да се расправате“.

Некои кои поминале вака и можете да  се пронајдете  во овој опис, немојте да се разочарувате, а пробајте да:

-Гледајте што повеќе да бидете реални и дека можеби и некоја расправија ќе расчисти некој однос.

-Кажете отворено што ви пречи  со отворени емоции и чувства.

-Договорете се да зборувате отворено (без превтување на очи и префрлање)

-Ако критикувате или враќавте со иста мера –  сега  смирите се  и вратете со љубов и простување.Можеби и не лесно тоа да се направи но треба да се обидете со таков пристап понатаму во Новата година.

Во врска со шопинхолочарската атмосфера и еуфорија која владее во тие денови. Треба добро да  размислите со колкав буџет располагате и да не купувате и трошите одповеќе,  за  потоа да бидете незадоволни дека немате доволно за да купувате и да се чувствувате и посиромашни одколку што сте. А после и да запднете во криза како ќе поминете до крајот на месецот.

За време на божикните празници треба скромноста да биде на прво место, да не си поставуваме превисоки очекувања од себе и од другите за време и после  празниците, за да не се разочаруваме потоа, бидете опкружени со луѓе кои ви се пријатни и позитивни, во слободното време гледајте филмови и она што ве забавува или опушта , читајте добра книга или посветете се на вашето хоби и секако физичка активност и сон.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.