Press "Enter" to skip to content

ЖФК Топ гол ги започна подготовките во неколку фази, последната на силен меѓународен турнир (фото)

Шефот на стручниот штаб Кире Грбевски со сениорската екипа на Топ гол ја направи првата прозивка и го означи почетокот на подготовките за следнта полусезона. На стартот поради настинка три фудбалерки го најавија своето отсуство и во зависност од здравствената состојба ќе се приклучат со тимот во следните денови.

На воведниот тренинг медицинскиот персонал ги направи иницијалните моторички и функционални тестови кои ќе послужат како параметри во темпирањето на формата.-На сите фудбалерки им посакав многу здравје и пријатна работа, заедно со мојот тим им ја презентирав и програмата за работа во следниот период. Подготовките ќе се одвиваат во неколку фази, а ќе се реализираат во спортска сала, надворешен терен и фитнес сала. Сите фази ќе се одвиваат во Битола, а во завршната етапа планирано е учество на силен меѓународен турнир во кој ќе одиграме три натпревари, вели Грбевски.

За евентуални засилувања тој додава:

-Што се однесува до играчкиот фонд ја продолжуваме соработката со сите играчи кои до сега ги бранеа боите за нашиот клуб и во преговори сме со неколку засилувања. Нашиот клуб до сега го напушти само една фудбалерка која својата кариера ќе ја продолжи во Англија, а поради недисциплина и неспортски однос отстранивме играч на голманска позиција. Нашата развојна стратегија е секој припремен период да приклучуваме по неколку младинки во работата со сениорскиот тим.

Сениорките на Топ гол ова пролет ќе се натпреваруваат на два фронта и во купот и во првенството, а додека пионерките, кадетките и младинките само во првенствена конкуренција.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.