Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: пронајдена мртва жена, тепачка во кафуле, напад на таксист

На 12.01.2019 година во 15,20 часот во СВР-Битола било пријавено дека на улицата “Кланица“ во сопствениот стан била пронајдена почината М.С. (80). По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција.

На 13.01.2019 година во 00,25 часот во СВР-Битола Т.Ш.(40) од Битола пријавил дека истиот ден околу 00,00 часот во угостителски објект лоциран на улицата “Генерал Васко Карангелевски“ додека седел на маса со Н.В. започнале вербална расправија, по што Н.В. го удрил со чаша и му нанел повреда. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 13.01.2019 година во 03,30 часот во СВР-Битола С.С. (42) од Битола пријавил дека истиот ден околу 03,15 часот на улицата “Никола Тесла“ додека возел четири лица во своето такси возило, едно од нив физички го нападнало. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.