Press "Enter" to skip to content

Битола најстудена, официјално -18, автомобилите покажаа -26 во 5 часот

Битола и денес го има приматот кога се во прашање минималнте температури и е најстуден град во Македонија.

Официјалните податоци за минималните температури, кои изутринава има насекаде низ Македонија, се дека најстудено е во Битола каде што се измерени 18 степени под нулата, Тетово -16, Прилеп -15, а -12 во Скопје. Ова е официјална температура измерена по пропишани услови, каде се мери, на колку висина од земјата и други…

Но, за разлика од официјалните податоци термометрите на автомобилите во 5 часот утринава покажаа минусни температури дека е многу постудено, -26 степени. Со ваквата температура утрово на социјалните мрежи се “пофалија“ многу битолчани кои утрови со многу мака со стартуваа возилата, посебно оние кои користат дизел гориво.

Синоптичарите за денеска најавуваат претежно облачно време, околу пладне и попладне со повремени врнежи од снег со слаб, а во западните делови со слаб до умерен интензитет. Во вечерните и ноќните часови ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »