Press "Enter" to skip to content

Весело за Стара нова година во ресторан-винарија “Лозар“ на “Ангромаркет“ (фотогалерија)

Синоќа битолчани традиционално ја одбележаа Стара нова година, а во Битола сите ресторани беа распродадени уште пред десетина дена. За разлика од некои други православни народи, во Битола, не му се придава на Стара нова година многу внимание, туку му се дава акцент на “вртењето“ на мазникот.Така и во ресторанот-винарија “Лозар“ на “Ангромаркет“ беше преполно, а 250 гости, колку што е капацитетот уживаа во атмосферата која ја направија реномираниот оркестар, гостите кои за забавуваа и секако сопственикот со неговото друштво, кој на еден од неговите гости, му приреди и изненадување.На пригоден начин, менаџерот на и персоналот, ресторанот на гостинот од Радовиш, сопственикот Јуре од “Функи Флора“ ми го честитаа 59 роденден.Гостите не го криеја задоволството од одличната забава во ресторан-винарија “Лозар“, а менаџерот Оливер Митревски, ни кажа дека скоро сите гости биле и за минатата Стара нова година, што нему и на персоналот му е посебно драго, а на разговорот ни се приклучи и Гордана, која на Оливер му упати честитки за организацијата, а нам ни рече дека веќе се договориле и идната година, таа бидејќи и “паднало парето“ дека ќе бидат тука на истата маса.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.