Press "Enter" to skip to content

“Уна Нова“ со промотивни пакети го одбележува својот прв роденден и ги изненадува своите клиенти  

Козметичкиот салон “Уна Нова“ на 15 јануари го прослави својот прв роденден и по тој повод промовира многу поволни и примамливи ваучери и промо пакети за нега на лице и тело. За овој период од една година овој салон успеа да се издвои од другите салони со организирање на „Денови за убавина“ со  презентери стручни лица од различни области на козметологијата. Со вакви изненадувања на поволни  промотивни цени на пакети за нега и убавина салонот на “Уна Нова стана“ многу популарен кај сите оние  кои сакаат да се негуваат во пријатен амбиент, модерно опремен салон во сигурни раце на професионален тим.-“Деновите за  убавина“ предизвикаа голем интерес кај нашите клиенти бидејќи тие се во знакот на убавината на лице и тело и  припадничките на понежниот пол  можат да добијат совети за нега и убавина од стручни лица, бесплатни мини третмани за лице и мостри од различни козметички препарати. Тие беа организирани еднаш месечно и презентери гости во “Уна Нова“ ни беа козметолог, лекар, нутриционист, психолог.  Мило ни беше што во изминатиот период на неколкупати пати ни гостуваше Катица Китанова, бренд менаџер на козметичката линија на “Janssen cosmetics“ и обучувач на тимот на “Уна Нова“. Нејзиното присуство и консултации со совети за убавина и нега многу ми значи мене и на целиот тим, ни кажа Татјана Бајларова, сопственичка на салонот.-Заради големиот интерес и понатаму ќе  продолжиме со “Деновите на убавина“ со вакви промоции за нашите клиентки кои на овие промоции  се чувствуваат убаво и пријатно, и низ една позитивна атмосфера со кафенце се дружат, разменуваат искуства и совети за нега, меѓусебно но и со презентерите и нашиот тим. А таа меѓусебна доверба ни е значајна во нашиот салон, каде по мое мислење треба  најпрво кога дојдат во нашиот салон –  да се опуштат, да имаат доверба во нас  и да излезат од салонот задоволни и самоуверени ни ја претстави цела идеја, Анкица Стевановска, менаџер во “Уна Нова“ и ги покани сите кои сакаат да ја почуствуваат позитивната атмосфера да го посетат салонот кој се наоѓа во стамбено- деловниот комплекс “Пелагонка 2“  на 2 спрат и да се запознаат со промо пакетите со кои сакаат да ги „почестат“ своите клиентки за роденеденот  или да земат  ваучер по цена од 500 денари, а да можат да  користат козметички услуги во вредност од 1.500 денари.Промотивните пакети по повод нашиот роденеден ќе траат до 31 јануари.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.