Press "Enter" to skip to content

Богојавление на +40, во Перт, Австралија, Давид Бучковски го фати крстот во осветените води на Пацификот

Македонците кои живеат и работат на петтиот континент, Австралија, ги негуваат верските празници, како и тука. Па така и таму беше одбележан и празникот Богојавление, во Перт Австралија, на температури повисоки од 40 степени, ни напиша и прати фотографии нашиот сограѓанин, Никола Јошевски – Јошката, преку кои барем за миг не однесе на топло, по “дебелите“ минусни температури во Битола.Давид Бучковски е среќникот кој стигна најбрзо до светиот крст.

-Утрово имав некое чувство дека јас ќе го фатам светиот крст и дека крстот ќе го краси домот во наредните 12 месеци, рекол Давид, по фаќањето на крстот.-Повеќе од 20 македонци, а најповеќе ги имаше од битолскиот крај, учествуваат во фаќањето на светиот крст кој беше потипен во осветените води на Пацификот. Одбележувањето на празникот беше во организација на Православната црква “Св. Никола“, службата ја водеше отец, Васко Трајчевски, ни напиша од Перт, нашиот сограѓаник, естрадниот уметник, Никола Симоновски – Јошката, кој исто така пливаше во водите на океанот, со желба да го фати светиот крст.-Необично за нас кои сме порастени во Битола и кои знаеме по какви студови битолчани се фрлале во студените води во базните во црквите, во Драгор, на Олимписки, додава Јошката, за оваа манифестација во Перт.Инаку, Јошката,  живее повеќе од една година во Перт Австралија, а и таму како во Битола се занимава со музика, а настапува покрај во Перт, во Сиднеј, Мелбурн, Бризбенј…

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »