Press "Enter" to skip to content

Земјоделското училиште со нова дограма ќе ги дочека учениците (фото)

Деновиве заврши уште еден крупен проект во средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ – Битола -Нареден проект, а тоа е промената на сите прозори и главната влезна врата.

Проектот е во висина на од околу 20.000 евра добиени од USAID Македонија, а за реализацијата на овој проект директорот Благојче Кривевски вели: -Средствата за реализација на овој проект, односно за промена на дограмата се обезбедени од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во висина од 1.335.047 денари и 175.600 од локалната самоправа. Работите се завршени и сега уште ни престојат мали поправки на деловите каде се заменуваше промената. 

Во средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ се променати околу 100 прозорци, а налголем дел од нив беа уште од градбата на училиштето пред 110 години.

Претходно со донација од МЕПСО се изврши реконструктивен проект во училиштето е изведување на градежно-занаетчиски работи за препокривање и санација на кровот, кој беше целосно оштетен, а влагата од водата која доаѓаше, во некои училници беше толку голема што зидовите имаа зелена боја. Претходно се реконструира санитарниот јазол предвиден за наставниот кадар, а во текот на годината тековно беа реконструирани и  бојадисувани училниците и беа поставени “флип-чарт“ табли и беше монтирано дополнително парно затоплување пред започнувањето на грејната сезона.-Сега продолжуваме со преземање и други чекори кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на наставата и амбиентот во кој ќе престојуваат учениците се со цел исполнување на визијата на училиштето на СОЗУ „Кузман Шапкарев, училиштето да биде здрава и безбедна средина во која секој може да научи, да ги развива своите индивидуални перформанси и да стекне знаења и вештини кои успешно ќе ги применува во општествената заедница, ни рече директорот Благојче Кривевски.

Инаку, во склоп на СОЗУ “Кузман Шапкарев“ во Битола успешно се изучуваат смеровите ветеринарен техничар, техничар за ангроменаџмент, фармерски техничар и техничар по хортикултура.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.