Press "Enter" to skip to content

В сабота “Детето сонува“ прва премиера на Народниот театар годинава

Најновата премиера ги обработува човечките судбини на бегалците, но не оние кои бегаат од конкретна војна, туку за голготата што ја минуваат претставена преку животот на мајка со дете кои бараат прибежиште откако војниците го убиле таткото и нив ги протерале. 

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ги заврши подготовките за прва изведба на театарската претстава „Детето сонува“, чиј автор е Ханох Левин (1943-1999), а режисер Итаи Дорон, двајцата од Израел.

Драмата ни открива приказна за едно патување на една мајка и едно дете кои бараат прибежиште по напуштањето на својот дом, откако војници го убиваат таткото и ги протеруваат мајката и синот.  Тие запловуваат во пространиот океан на непознатото, молат за засолниште на еден сиромашен остров и желни се да се откажат од се освен од животот, чекајќи каков и да е спас.

Главните улоги во претставата, а преку нив се одвива целата драма, ги играат доајенот на битолскиот театар Борис Чоревски и Ангел Мицевски, син на костимографот Благој Мицевски, кој има 13 години.

-Оваа претстава зборува сама за себе, таа е еден од каноните на израелскиот театар, напишана од големиот национален драмски писател Ханох Левин. Во претставата има црн хумор кој го опишува чувството и понижувањето за тоа како е да си човек на овој Свет. Претставата воедно нуди и една многу остра и радикална политичка сатира. Сликата што ја прикажува овој текст на Левин е суровата реалност која се открива за време на патувањето, добива еден бесконечен облик низ призмата на сонот, рече режисерот Дорон на денешната прес-конференција.

Во претставата ќе настапат и актерите Катерина Аневска Дранговска, Огнен Дранговски, Марјан Ѓоргиевски, Петар Горко, Соња Михајлова, Борче Ѓаковски, Соња Ошавкова, Петар Мирчевски, Никола Стефанов, Анастазиа Христовска и Александар Стефановски.

More from КултураMore posts in Култура »