Press "Enter" to skip to content

Марија и  Томас Русенгрен со нова донација во Заводот за рехабилитација “Кочо Рацин“

Марија и  Томас Русенгрен од хуманитарната организација “ХЕНД ТИЛ ХЕНД“ од Шведска денес ја официјализираа најновата донација за Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух и говор “Кочо Рацин“ – Битола. Се работи за донација која се состои од компелтна реконструкција на собите каде престојуваат девојчињата, кои се и комплетено уредени.Марија Русенгрен за донацијата при официјалното предавање на донацијата пред штитениците на Заводот, родителите и вработените во Заводот рече:

-Оваа донација се состои од кревери комплетирани со душеци за нив, мебел (наткасни и шкавчиња), завеси, како и бојадисување на собите кои се наменети за децата кои се сместени тука во интернатот, каде практично и живеат тие. Ова е со цел децата да престојуваат во нови простории, а сето тоа да им го направи престојот тука поудобен. Условите тука за нив беа лопи, па затоа се одлучивме за оваа донација. Ние тука бевме со семејство од Шведска, Ларс и Ана Јохансон, кои донираа за донацијата. Покрај нив во донацијата се вклучија и студентите од Правниот факултет во Стокхолм, кои направија донаторска акција меѓу нив и собраа пари.Томас Русенгрен изрази голема благодарност кон семејството Јохансон кои со голема љубов и задоволство се вклучија во оваа донација. Томас за донациите кои веќе се три во оваа година вели:

-Покрај оваа донација во Заводот имавме и донација во Клиничката болница, а веќе е завршена и донацијата во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ која ќе биде свечено предадена идниот месец.Што се однесува пак до донацииите во Заводот “Кочо Рацин“, Марија и Томас ни рекоа дека досега тука се донирани-вложени 125 илјади евра, а се задоволни и од комуникацијата со директорката на Заводот околу реализацијата на овој проект.-Прегратките од децата, нивните искрени зборови, насмевките се најголема награда за нас. Иако целата акција бара многу напор, изработка на проекти, планови, препреки, реализација, а на крај кога ќе се видат насмеаните и задоволни лица на дечињата се се заборава, додава со многу емоции Марија.

Директорката д-р Валентина Стојковска, дене беше домаќин на брачниот пар од Шведска, Марија и Томас Русенгрен, од невладината организација “Рака на рака“, а за донацијата ни рече:

-Радоста на децата, прегратките со Марија и Томас, покажува што значи ова за нив и за нас како Завод каде практично и живеат овие деца во интернатот. Двајцата се посебни гости за нас, тие доаѓаат тука, констатираат што ни е потребно и помагаат. Конкретно со оваа донација, сега децата имаат нови услови за живеење, бидејќи тука се 24 часа тука, а опремени се четири нови простории за нив, и додава:-Тука престојуваат деца со оштетен слух и говор, а тие за брзо време за донаторите Марија и Томас, како и за нивните пријатели од Шведска, кои се вклучени во донацијата ќе изработат видео клип преку кој ним ќе им се заблагодарат на знаковен јазик, а тие ќе ја изработат и благодарниците за сите нив.

С. Ристевски

 

 

More from БитолаMore posts in Битола »