Press "Enter" to skip to content

Заврши празнувањето на “зимските“ верски празници во “Св. Петка“ во Рокдаел-Сиднеј (фото)

Специјално од Сиднеј, Австралија: Кире Циревски

Долго време, браќа и сестри, човечкиот род, паднат во грев и темнина очекуваше спасение. Вековите се редеа, а народот Божји, очекувал прошка и спасение. И кога се навршило времето Господ Бог го испратил својот еднороден Син Исус да го спаси светот.

Човекот иако истеран од рајот, никогаш не беше го напуштен од Бога. Го следеше неговиот живот, му испраќаше Свети луѓе, Пророци за да го подучуваат и му го покажуваат вистинскиот пат, а во исто време да го прекоруваат претскажувајќи го раѓањето на Синот Божји.

Кога се исполни времето, дојде Синот Божји, Месијата Исус Христос, при човечко тело од Светиот Дух и Богородица  Марија Дева, за да живее со луѓето, за да го искупи човештвото преку Неговото ставање на крст, смртта и воскресението.

На Богојавление, Господ му покажа на целото човештво дека Новородениот во Витлеемската пештера не е само човек, но и Бог, Син негов еднороден. Кога Г.И. Христос по своето крштевање од Св. Јован Крстител илгегуваше од реката Јордан, се отворија Небесата и се слушна гласот на Бог Отец “Ова е Мојот Возљубен Син!“. За спомен на овој важен настан светата Црква во востановила празникот Богојавление или наречен од нашиот народ Водици, бидејќи тогаш им се јави самиот Бог на луѓето во три лица – Св. Троица: Бог Отец-првото лице сведочеше од Небото, Второто лице-Господ Исус Хрисос се крштеваше во реката Јордан, а третото Бог, Св. Дух слегуваше од небото над Синот Божји во вид на гулаб. До овој момент, оваа востина за Св. Троица не им беше позната на луѓето, а сега се објави како полна вистина.

Токму со ова почнува Новиот завет, кој е Божји сојуз со луѓето, затоа Г.И. Христос им заповедал пред своето вознесение на своите Апостоли “Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, Синот и Светиот Дух“ (Мт. .28,19).

За спомен на овој исклучително важен настан Црквата воспоставиле два големи Богојавленски водосвети, Водоксрт-Нејатка и Водици. Почитта кон овој празник била голема и од најрано Хрстово време, а преку Богојавленската крстена вода која верниците ја земаат и носат во своите домови за нивно здравје до следните Водици.Традиционално секоја година на Водици се потопува Светиот крст во прогодно место, река, базен езеро. Сите цркви на МПЦ во Австралија после литургијата со јавно наддавање си  откупуваат икони кои треба 40 денови да ги чуваат во своите домови, а потоа ги враќаат.

Верниците од Рокдаел, Сиднеј, Австалија од црквата “Св. Петка“ уште во раните утрински часови го исполнија дворот со желба да присуствуваат на литургијата, и да лицитираат за иконите. Свештеникот на МПЦ “Св. Петка“, Владо Недески, Светиот крст го потопи во водите на океанот во месноста “Kyeemagh Beach baths“ во населбата “Brighton la Sands“, а мноштво народ со икони во рацете беа сведоци на овој свет чин.

Најсреќен од сите кои се фрлија по Светиот крст бепе Стивен Николовски, а парохискиот свештеник во име на црквата му подари крст од бело злато, празнична икона и дар крпа, а според уверувањата Семоѓниот Господ Бог нему ќе му подари здравје и благосостојба. 

Здравје и благосостојба нека подари Бог на секоја христијанска душа која со радост го празнува овој празник на Богојавлението.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.