Press "Enter" to skip to content

Прес на Маја Андоновска-Илиевски, директор на Центарот за култура

Концертите на  Камерниот оркестар, кои се распродадени се првите годинашни настани во Центарот за култура, следува  балетот на МОБ, изложби и ревија на македонскиот игран филм се културните збиднувања во првите три месеци годинава, а најави и промена на сценското светло во Големата сала.

Серијалот настани од културата почнува викендов со два концерти под наслов „Засекогаш во срцата“ кои ќе ги изведе битолскиот Камерен оркестар, истакна Маја Андоновска Илијевски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

-Концертот на Битолскиот камерен оркестар е посветен на роденденот на големата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески чии почетоци се токму во нашиот град. Влезниците за двата концерти беа потрошени за неколку часа, а тоа дополнително не мотивира камерниот оркестар да добие подобар статус за што ние како национална установа ќе вложиме дополнителен импулс и напор.

Веднаш по концертот, од 28 јануари до 3 февруари ќе се емитуваат 11 македонски играни филмови, ревија која воедно значи и наша поддршка на македонската кинематографија, а ќе биде емитуван и тинејџерскиот филм „Ема“, снимен од средношколци.

На прес-конференцијата во НУ Центар за култура-Битола директорката Андоновска Илијевски најави гостување на Македонската опера и балет и ликовни изложби во нивна организација.

-МОБ во Битола ќе гостува со балетската претстава „Либертанго“, една од најубавите танго композиции во 20. век која ќе се одржи на 14 февруари, а во битолскиот Центар за култура, на почетокот од месец март изложба под наслов „Метаморф“ ќе приредат младите битолчани Марта Дојчиновска и Драган Милованов, потврди Андоновска-Илијевски.

Освен програмски новини, планирани се и инвестициски новини во работата на НУ Центар за култура-Битола каде по скоро четири децении работа, целосно ќе биде заменето сценското осветлување во големата сала на таа установа.

Таа одговараше и на новинарски прашања, меѓу кои и тоа дека се преговара со неколку угостители за отворање на ресторантската сала, а доколку не дојде до тоа таа ќе побара од Министерсвото за култура пренамена на салата за мултимедијален простор.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.