Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: разгалено дете или како „нашите бебиња остануваат бебиња“

Подготвил: Жанета Ристевска – психолог

Еден од проблемите или грешка  при воспитувањето и подигањето на нашите деца кој подразбира Инфантилизација –  психијатриски термин кој значи она што веројатно се чини и обично велиме  дека  сме ги разгалиле своите деца  и  децата водат главен збор во домот (семејството)

Еве неколку примери кои ги среќаваме и за кои помалку или повеќе родителите се свесни:

– Дали правите се за своите деца? Трчате по нив кога на( најмала возраст од 2 години) учат да одат, потресено стоите покрај нив,  за да не паднат?

– Ги собирате сите играчки за нив на  4-5 годишна возраст? Или им ги врзувате врвките на патики,  чевли?

 – Им ги пишувате домашните задачи на 9 годишна возраст или им ја редите училишната чанта?

– Кога се најдат во конфликт со другарчињата вие влетувате и ги спасувате и ги браните? со галама викање или слично обично заземајќи страна на своето дете заштитнички?

– На 24 годишна возраст кога вашата ќерка и била малку повлечена и тешко и е да најде пријатели, вие се дружите со неа и станувате најдобра другарка?

– Кога се запишуваат на факултет им копирате скрипти и наоѓате книги за учење или дури им помагате во полагањето на испити ?

– Кога започне да работи го покривате минусот во нивните кредитни картички?

Секако  се пронајдовте во овие неколку примери? Гледаме дека  започнуваат на мала возраст во најраното детство.Уште од раѓање приближно на 18 месеци потребите на бебето мора доследно да се задоволуваат за да стекнат доверба во околината и дека можат да се ослонат на неа. Но во подоцнежните месеци на оваа фаза, приближно на 12- 18 месеци исто така е важно дека  потреби на бебето  не се задоволуваат веднаш. Кога бебињата мораат некое време да чекаат на разни работи. При тоа тие  учат две многу важни факти за животот:

  1. Дека не се едно со луѓето кои ги подигаат.
  2. Дека не можат да го добијат оно што го сакаат.

Ова второто е познато и е почеток на учењето за задоволување на потребите со одгодување.  

Се поставува прашањето зошто правиме грешки и имаме проблеми при воспитувањето и подигањето на нашите деца.

Како  прво ние како родители при воспитувањето настојуваме:

  1. Да правиме како што ни е правено нам.
  2. Да правиме спротивно на она што ни го правеле нам

 Пример: Ако сме растеле и не воспитувале во премногу строга и крута  родителска структура на авторитарно родителство, со многу правила и барања, тогаш ние ќе го повториме овој образец на родителство или ќе завземеме сосем спротивен став на т.н попустлив стил на  родителство.  На  своите деца ќе им дадеме многу малку структура – што исто така е лошо.

Исто така многу од нас имаат чувство на вина заради тоа што како родители правиме, и настојуваме да ги надиокнадиме грешките во едно подрачје , така што сме попустливи во друго.

Примери:

– Често се  расправате и имате жестоки кавги со сопругот?

– Разведени сте?

– Многу време поминувате на работа ?Добро, затоа барем им дозволувате на своите “клинци“ да јадат брза храна и да поминуваат колку сакаат време пред ТВ, компјутер или со мобилен телефон. Да легнуваат кога сакаат. Им купувате се што ќе посакаат па дури и скап најнов мобилен телефон без потреба за истиот. Со тоа некеко секој мисли дека им го намалува страдањето за тоа што детето поминува и им недостига во смисла на родителско внимание и љубов, зарем не? Погрешно. Бидејќи тоа на постоечкото  страдање им додава ново и ги зголемува проблемите. Но, сепак може да се исправи проблемот и тој  е полесен, од колку што се мисли. Заради тоа замислете се подлабоко и запрашајте се:

– Дали сакате  возрасни личности – плачливи, кои не можат ништо да чекаат, кои се нељубезни и со многу барања?

-Што мислите зошто станале такви.

 Психологот Ериксон во своите истражувања заклучил:

– Дека биле под голем  надзор на своите родители.

– Или родителите им угодувале премногу.

Сега добро погледнете ја вашата четири годишна ќерка.

– Дали често плаче без причина?

– Одбива да оди на спиење во одредено време ?

– Ја фрла храната и не сака да јаде и вришти за секоја ситница.

– Вришти бесно во или пред продавница за да и се купи нешто ?

Децата водат главен збор во куќата.

Како ќе знаеме дека децата го водат главниот збор во куќата ? Тогаш кога ќе почуствуваме дека возрасните не се главни и претставуваат авторитетни фигури. Кога постои постојана огорчена борба помеѓу родителите и децата и измеѓу самите родители. Во смисла: (Ти  му попушташ или ти …) Кога децата „ ги поделат возрасните, па владеат“. На пример: „Мама кажа дека можеме на компјутер откако ја напишеме домашната по математика. Но, можеме ли тоа сега, а после да напишеме математика?

Односно кога децата стануваат добри преговарачи – ќе го направам ова ако ти ми го купиш она…итн

Поточно децата водат главен збор во куќата кога: 

– Имаат 5 четки за заби помеѓу кои можат да бираат, и со тоа вие мислите дека ќе прекини убедувањето  околу миењети на заби секој ден.

-Детето води главен збор ако му кажета да го однесе ѓубрето повеќе од 5 пати и потоа сами го направите тоа.

– Или вашата ќерка ви кажа дека ве мрази ако и кажете дека немате доволно пари да и го купите нештото што го сака (мобилен телефон, велосипед или подоцна и автомобил)

– Или децата зборуваат и користат погрдни зборови и не прекинуваат кога име се каже

– Или децата низ дома постојано се расправаат  жестоко и неме мир во куќата.Ако се соочувате со  овие наведени проблеми тогаш еве неколку корисни препораки:

Решете го проблемот. Многу од вас знаат како да го решат проблемот. На децата ќе им помогнете ако го решите проблемот веднаш сега. Не заборавете и некоја промена колку и да е мала може да гоп промени цел состав. 

  1. Нема да им биде ништо ако почекаат неколку минути.
  2. Ако вашето 18 месечно бебе се разбуди и кога сте во некоја работа може да причека. Довикнете му со ведар глас дека за минута ќе го земете. И ако почне да плаче уште посилно продолжете со работа. Кога завршите со смирен глас, ведри и насмеани влезете во собата, заблогодарете се и погрижете се за неговите потреби. ако се чувствувате вина , знајте дека со  учењето на животни лекции е чин на љубов
  3. Од најмала возраст (5,6год.) пуштете ги сами да ги врзуваат патиките.  Стекнување на  независност за некои навики. Пример: Сами да се облекуваат. Пред школо станете ги порано. Пофалете ги за успехот кога се закопчале или ги врзале добро сами своите обувки. Секоја навика се зацврстува кога се пофалува со љубов.
  4. Пуштете ги да се исплачат. Кога вашата 14 годишна ќерка дојде дома во солзи дека се скарала со првиот дечко ( настан кој може да са промени веќе и другиот ден и повторно да се повтори..на нивна возраст) Бидете покрај неа и бидете добар слушател. Кажете „тебе ти е тешко и жал ми е што си повредена“. Избегнувајте да и давате совети и само слушајте, слушајте и слушајте. Тагата ни помага да преболиме . солзите доаѓаат со тагата. Самиот факт дека сте со неа вие и праќате силна порака дека верувате дека можа да ги поднесе животниоте болки. И дека ви е значајна.
  5. На дваесет и повеќе годишна возраст кога се студенти не им ги  копирајте скриптите за нив, полагате испити или покривате долгови на кредитни картички. Со достоинство кажате им дека би требало да водат повеќе грижа за се. Давајте им совети како да се снајдат со финансиите за да не западнат во неволји и исто така поттикнуватјте ги сами да ги прават своите работи. Да заклучиме

Сите родители би сакале потполно да го исчисат животниот пат на своите деца. Тоа е природно. Но компетенетните родители обично знаат дека со ублажување на тој пат ги спречуваат нивните деца вистински да пораснат и да се борат против тешкотиите на тој  пат.