Press "Enter" to skip to content

Вечерва премиера на приказна за едно патување на една мајка и едно дете

Синоќа се изведуваше препремиерата на претставата “Детето сонува“ на сцената на Народниот театар од Битола, во режија на Итаи Дорон.

Вечер на сцената на Битолскиот народен театар ќе се одигра премиерата на претставата „Детето сонува“, драма, приказна за едно патување на една мајка и едно дете кои бараат прибежиште по напуштањето на својот дом.Публиката во текстот ќе ја препознае кризата на бегалците насекаде низ светот, ќе види потресни слики за реалноста на поединецот и реалноста на надворешниот свет измешани меѓу сонот и јавето, најавија од Битолскиот театар во пресрет на вечерашната премиера на претставата работена според текстот на Ханох Левин од Израел, еден од најоригиналните и најиновативните драмски писатели на својата генерација.

Главните улоги во претставата ги толкуваат Борис Чоревски, актер во пензија и младиот Ангел Мицевски, ученик од Битола, а заедно со нив ќе настапат и повеќе актери од сите генерации на театарот од овој град.

Режисер е Итаи Дорон, а сценограф Омри Розенблум и двајцата од Израел, драматург е Билјана Крајчевска, а преводот од англиски на македонски јазик го направи Снежана Крајчевска Плушковска.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.