Press "Enter" to skip to content

Камерниот оркестар и гостите со концертот “Засекогаш во срцата“ ја воодушевија публиката (фотогалерија)

Камерниот оркестар со гостите вечерва во во преполната сала Големата сала на Центарот за култура, каде се бараше столче повеќе, го изведоа концертот “Засекогаш во срцата“.На концертот беа изведени најубавите македонски евергрини и незаборавните песни на поп иконата – Тоше Проески, во еден концерт.Камерниот оркестар ги придружуваше Елена Ристеска, Ѓоко Танески, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Елена Петреска, Тамара Стојковска, Бојан Стојков и Ана Гаштарова.Влезниците за првиот концерт беа распродадени веднаш по пуштањето во продажба, а за утре е закажан уште еден концерт.Концертот е изведен во соработка со Центарот за култура на Битола, а под покровителство на Министерството за култура.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.