Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј влегуваат по завршната фаза од подготовките

Пелистер Волеј од денес ја започнува последната фаза од подготовките за престојните одлучувачки натпревари и борбата за трофеи, во која вледуваат сите три екипи, сениорската, младинската и кадетската.

Тренерот на сениорките, Роберт Митковски за тоа што е одработено и што ги очекува до стартот на пролетниот дел вели:

-Се она што беше планирано да го одработиме како зимски основни подготовки е сработено и сега ни останува уште да ги одиграме планираните контролни натпревари, односно да работи на техничко-тактички план. Во оваа фаза ќе работиме паралелно во сала и во теретаната на “Сити џим“. Што се однесува пак до контролните натпревари првиот ќе биде со кадетките во Битола. Потоа започнуваме малку посериозно, а првата посериозна подготовка ќе биде во недела, во Скопје. Таму ќе имаат “контрола“ и пионерките.

Што се однесува до амбициите на одбојкарките Митковски вели:

-Со сите млади категории играме 1/8 финални бараж натпревари и со сите стартот е на домашен терен како подобропласирани, а со сениорките од четвртата позиција ја стартуваме битката за пласман меѓу најдобрите 6. Имаме до крајот 10 кола (5 дома и 5 во гости) и ќе се обидиме да обезбедиме прво 1/2 финале во најелитното друштво. Секако, не очекува и Купот на Македонија. Ние ќе го пропуштиме прет-колото во кое ќе се судрат екипите од долниот дел на табелата, а ќе играме во 1/4 финалните дуели, каде стартуваме.

Стартот на пролетниот дел од сезоната е закажан за 16 февруари, а први започнуваат прволигашите.

Пред тоа ќе има претставување и промоција на новите дресови кои се само дел од новата опрема од линијата на “спортика“, на која како што најавивме ќе се најдат имињата на нашите нови спонзори кои ги најавивме претходно.

More from БитолаMore posts in Битола »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.