Press "Enter" to skip to content

Битолската полиција го пронајде возачот што го повреди пешакот кој почина, и избега

Несовесниот  возач кој пред три дена прегази пешак во Битола и наместо да му помогне избега од местото, бил пронајден и уапсен од полицијата. Станува збор за Г.П. (44) од битолското село Бистрица.

Осомничениот на 29 јануари на улицата Васко Карангелевски во Битола со автомобил удрил во пешакот С.В. (56) од Битола и избегал. Тешко повредениот пеашк бил однесен во Клиничката болница во Битола, а утредента починал.

Како што информира МВР, на 31 јануари во 21.20 часот полицајци од полициска станица за безбедност на сообраќајот -Битола и од Криминалистичка полиција во содејство со полициски службеници од Полициско одделение – Велушина,  го уапсиле Г.П. (44). Уапсениот се сомничи за сторени кривични дела по член 300 и член 301 став2 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот, против Г.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

More from БитолаMore posts in Битола »