Press "Enter" to skip to content

Интервју: Буба Солак – ликовен уметник, “Животот е игра-уметноста живот“ (“Life is a game – Art is life“)

Оваа мисла искажана и напишана од мојата соговорничка по повод една од нејзините изложби потполно го изразува и се вклопува во нејзинот живот.

Пишува: Жанета Ристевска

Кога отидов за разговор во Ателјето “Солак “ каде ме дочека мојата соговорничка Буба Солак со својот сопруг, потполно се уверив дека вистински и цел нејзин живот е уметност. Нивниот дом  е уметничко ателје и ателјето “Солак“ е нивен дом. Уште кога влегов останав без здив заслепена од уметност која е вткаена во сите делови од куќата и нивнит дом.  Во  ателјето “Солак“ ја почуствував, дури и како на моменти како да можеш да ја досегнеш  силната  љубов кон уметноста. А во истиот дом на семејтвото Солак и огромна љубов меѓу сопружниците и во семејството Солак.-Заедно сме од на факултет и не спои љубовта кон уметноста и многу други работи“ започна Буба. Потполно  се дополнуваме во се… зборува и зрачи  со насмевка на жена исполнета со љубов и  со посебна убавина заради својата спонтаност, природност, едноставност и скромност.Нејзиниот живот на ликовен уметник е “игра“ на бои, и во која има безброј изложби, проевти, награди и  уметноста која  секако се чувствува и е проткаена во сите пори на нејзиното живеење. Таа  продолжува:-Ова е место е и наш дом со мојот  сопруг Диме и синот Константин. Потоа  наше место за креативно изразување и творење.   Сега и на  нашиот син кој тргнува по наши стапки и кај кој  талентот е дуплиран од нас двајцата, секако и љубовта кон уметноста која ја гледа и учи насекаде околу нас. Но и ја восприема кога доаѓа со нас на нашите студиски патувања, проекти, изложби… ни објаснува Буба, со посебен сјај на задоволна жена која го живее животот  мултимедијално изразувајќи се на повеќе полиња како жена, мајка, уметник, моден дизајнер, модно лице…  Таквата нејзина убавина не остана незаприметена и затоа таа е вклучена во модно презентирање како заштитно лице  на македонскиот бренд “Линеа“  и го рекламираше овој бренд. Нејзината харизма како модел  може и да се види низ успешната фотосесија во  ателје “Солак“која ја направивме за нашето интервју. Моја забелешка дека најповеќе ми се вклопува во мислата “ Генијалноста е во едноставноста“.  Мојата соговорничка  е едноставна, но генијална –  таа е Буба Солак или  Љубица Мешкова Солак – ликовен уметник и  со својата  биографија го оправдува ова. Во нејзината биографија  повеќе од десетина самостојни изложби  од 2004 година. Во 2014 изложени дела во Дубаи и Кувајт во изложбени салони на луксузни продавници на луксузни модни брендови и групации. Потоа учество на повеќе од  150 групни изложби во нашата земја и надвор. Соработка и работа на проекти, голем број студиски патувања, награди. Таа е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), потоа член на ДЛУБ каде  е претседател од 2014-2016 година. Потоа  член на ДЛУК и ИКОМОС.

Но, да почнеме од почеток  и се разбира неизбежнто прашање, кога го пројави својот  уметнички талент?

-Мислам дека уште кога почнав да сознавам и сеќавам за себе јас сакав да цртам, а тоа беше на многу мала возраст 3 или 4 години. Се сеќавам, а и мајка ми кажува дека постојано сум била со боички во раце и сум цртала. Од почеток тоа беа цртежи со разни модели на фyстани, дизајни., облеки за кукли, а потоа на школска возраст и други цртежи. Тука би кажала дека имав голема поддршка од моите родители во уметничкото во мене и себеизразувањето во секаква смисла на зборот и во мисла, модно изразување во моите тинејџерски години во мода и фризура. Сакам интересни промени кои и до денес ги правам или во модни детали или фризура. Заради мојот талент  образованието го продолжив во средното училиште за Применета уметност “Лазар Личеноски“  во Скопје, а подоцна за време на студиите престојував и работев и низ повеќе други градови во  Македонија- Скопје, Охрид, Тетово, но и надвор Париз, Берлин, Истамбул  на повеќе проекти и студиски патувања. И секако Битола, која сега  е мој град каде  живеам и творам. Со мојот сопруг се  запознав на втора година на Факултетот за Ликовна уметност во Скопје – отсек Графика со конзервација. Со него целосно се надоплонуваме во секаква смисла. И карактерно како соприжници, исто и со смеровите на факултет односно како ликовни  уметници.  Двајцата сме професори по ликовна уметност и пренесуваме знаења. Јас во средно образование, а мојот сопруг во нашето ателје „Солак“ во кое нашиот дневен простор веднаш станува место со  уметнички штафелаи каде групи ученици цртаат, учат и усвојуваат различни  техники во ликовна уметност. Од ателјето „Солак “ произлегле и ќе произлегуваат уште многу млади уметници кои го продолжуваат своето уметничко образование понатаму.

Кажете ни повеќе за проектите во кои сте биле вклучени.-Тоа се повеќе проекти и многу позитивни искуства.  Мое задоволство беше работа на проектот за дизајн и смислување на една приказна во изложбени  салони на луксузни продавници.  Започна со проект за британскиот моден бренд „Hackett“ во  Дубаи, Кувајт и низ ОАЕ во периодот од 2014-2018 година потоа продолжив и за други модни групации. Потоа повеќе проекти на конзервација и реставрација. Тука ќе наведам само некои од нив. Тоа се проект „Арабати баба теке“ во Тетово, Завод и заштита на споменици Скопје. Потоа проектот на Плаошник кој траеше 2 години каде работевме на конзеравација и реставрација на мозаиците заедно со мојот сопруг. Проекти со Завод и Музеј Битола…

Мозаикот како техника подолг период го работиме и не преокупира, работиме заедно со сопругот на проект во нашето ателје и тука поминуваме голем дел од нашето време.

“Карактеристика во моето творештво е цртежот во служба на бојата која веќе подолго време е мој ракопис почнувајќи го “Игра и предел 1 и подолго“  пишувате во еден прилика по повод една ваша изложба. Кажете  повеќе за вашите  изложби и тука се разбира наградите. Добитник сте на  наградата “Борисав Траиковски“ за ликовно остварување и тоа два пати.-Оваа награда ја добив 2008 и 2016 година од ДЛУБ за успешно ликовно остварување во областа на сликарството и многу ми е значајна. И секако наградата на ДЛУМ, “Драгутин Аврамовски Гуте “за графика во 2013 година. Имам повеќе од 10 самостојни изложби од 2004 натаму во повеќе градови на Македонија и надвор од државата. Сум била учесник на повеќе од 150 групни изложби со други уметници во последните 18 години. Сите овие биле на различни теми и циклуси како што и ги напоменавте во прашањето. Различни теми ме поттикнувале во креативниот израз кој бил во  зависност од моите, мисли, емоции, фантазии … Тие  ми се поттик и за понатамошното творење.  Моментално сум во фаза кога сакам да дадам еден одраз со критика на реалниот свет околу нас и  креативно се изразам на еден таков поинаков начин. Можеби тоа е дел од мојот разум кој сака да каже „Доста“ за она што се случува во светот и кај нас. Анализирам, размислувам  и да критички секако …

Идни планови.-Како што кажав планирам самостојна изложба следно во Скопје. Таа би била по повод еден мој јубилеј 30 години од завршување на средно уметничко училиште. Потоа тука  секако мојата љубов кон модата и дизајнирањето на облека и други модни додатоци. Тоа е еден римејк на парчиња облека кои досега успешно сум ги направила како за мене, така и за други личности кои ми биле модно инспиративни и ги понеле таквите интересни креации со својата личност и моден стил. Таквите редизајнирани парчиња да ги предствам на еден Модно- Ликовен перформанс е во моите идни планови и активности. Плановите во ателјето „Солак“ се исто така интересни и креативни покрај овие изложби. Тука е работата на мозаиците  и покрај постојаното мое креативно изразување со бои и цртежи на текстил во вид на фустани, марами и други додатоци… Нов момент е дизајнирање на рекламен материјал со уметнички допири, моменти од моите досегашни циклуси и нови идеи. Се подготвувам и за заедничката изложба/интернационална која е дел од проектот„ Креативна Европа“ и Сфера, а ке се одржува   во Пловдив Бугарија оваа година  месец април. Се подготвувам  и се надевам ке успеам за изложба која е планирана во Истамбул и секако во 2020 година  Скопје.

Со  мојата соговорничка разговорот беше толку опуштен, бидејќи нејзиниот глас и нејзината насмевка се толку смирени и позитивни. Едноставна, а генијална. А во ателјето “Солак“ за миг се почуствува како да сум во уметничкиот Париз. Посакав ова интерју да беше во стил “Еден ден со Буба Солак“ бидејќи со целата нејзина харизма, креативност и идеи имаме уште многу да зборуваме и секако останавме недоречени за многу теми. Би сакала во иднина  тоа да се случи  со цело семејство Солак кои ме одушевија  со нивната креативност и животот кој го живеат со и низ уметноста.  Сигурна сум ќе има уште многу поводи за пишување…„Уметноста е единствената работа која може да не спаси од равнодушноста, и да не води кон среќата.“  Секако тоа важи и за нашата соговорничка за која  уметноста е   цел нејзин живот  во вистинска смисла на зборот.

Фото: С. Ристевски,

ентериер: Ателје “Солак“

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.