Press "Enter" to skip to content

Евгениј Ристевски донесе прв, меѓународен медал во Битола, во “snow boarding“ (фото)

На денешната “snow boarding“ трка која се одржа во Грција, на патеката Вици, деветгодишниот Евгениј Ристевски, од ски-клубот Пелистер, го освои второто место.

На патеката Вици денес се возеше меѓународна “snow boarding“ трка на која на стартот се појавија тројца млади, талентирани, битолчани. На малата експедиција од Битола, голема радост им донесе деветгодишниот Евгениј Ристевски кој го освои второто место и прв меѓународен медал за Битола во овој спорт.-Ова е голем медал за Евгениј, бидејќи тој што го освои  првото место е  четири години повозрасен од него, а ова значи дека тој е голема надеж на ски-клубот Пелистер. Квалитетот го има, но ќе мора да продолжи со ова темпо да работи и напредува, ни рекоа од ски-клубот Пелистер, во вибер-комуникацијата од Грција.Во истата категорија Андреј Мушулановски го освои петтото место, а мора да се напомене тоа дека тој е уште помал од Евгениј и има само осум години. Во женска категорија, Анамари Мушуланова не ја заврши трката.

По оваа трка тие продолжуваат да се натпреваруваат во Бугарија, на патеката “Осогово“.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.