Press "Enter" to skip to content

Кај Рускиот крст одбележан Денот на руската дипломатија

Амбасадата на Руската Федерација и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола денес организираа свечености по повод Денот на руската дипломатија.

Според повеќегодишната традиција, централниот настан, беше церемонија на положување свежо цвеќе на споменикот „Руски крст“, изграден во спомен на рускиот императорски конзул Александар Ростковски кој бил убиен од Османлискиот војник во 1903 година.

Амбасадорот на Руската федерација во Македонија, Сергеј Баздникин ја предводеше “руската делегација“, а на свеченоста обраќајки се на македонски јазик рече:

-Братските народи на нашите две земји се поврзани со блиски духовни и културни врски со повеќевековна историја. Ова е солидна основа за понатамошно подобрување на односите за доброто на нашите народи. Ние сме подготвени и за унапредување на пријателските односи со Република Македонија во различни области. Имаме намера да промовираме позитивна обединувачка агенда и отворени сме за конструктивна соработка со сите земји кои се подготвени да соработуваат чесно, за изнаоѓање прифатливи компромиси од заемна полза. 

Пред Рускиот крст во Битола цвеќе положија повеќе дипломати, заменик градоначалникот на Битола-Емилија Кострурска, претседателот на Советот-Валентин Груевски, градоначалниците на Новаци и Ресен, директори  на јавни претријатија, советници и претставници на здруженија, претставници на Славјанскиот универзитет во Битола…

Инаку, споменик Руски крст е поставен на местото каде што е убиен рускиот императорски конзул во Битола, Александар Ростковски, во 1903 година, од раката на османлиски војник.

 

More from ВестиMore posts in Вести »