Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник вечерва ја започнува групната фаза од Купот на ЕХФ

Македонскиот претставник во групна фаза на ЕХФ Купот, битолски Еурофарм Работник, денес ќе ја започне во Германија, против екипата на Хановер. Битолчани вчера попладне, по пристигнувањето се запознаа со салата каде ќе се игра натпреварот, а го имаа и првиот официјален тренинг. 

За оваа средба и групната фаза екипата на Еурофарм Работник се подготвуваше во Србија, одигра пријателски натпревари, а ги доведоа и потребните засилувања. 

Еурофарм Работник се комплетираше со последното засилување, Невен Стјепановиќ, кој игра на десната бековска позиција, а претходно дојдоа  украинскиот лев бек Владислав Остроушко, како и десното крило Мирко Радовиќ.

Тренерот на Еурофарм Работник Ѓорѓе Чирковиќ, за ова деби на битолскиот суперлигаш во групна фаза вели:

-Направивме голема работа, но наш голем непријател ни е времето. Немаме време да бидеме заедно и убеден сум дека оваа екипа ќе изглед подобро во март и април. Татабања, Веспрем и Нексе се екипи кои имаат ист систем од минатата година и полесно им е да ги внесат новајлиите во тој систем.

Еурофарм Работник ќе настапи без повредениот Мемиќ и болниот Пецаковски, но се очекува првите минути за новиот тим да ги одиграат Стјепановиќ, Радоњиќ и Остроушко.

Натпреварот Хановер – Еурофарм Работник се игра од 19,30 часот во Хановер.

More from СпортMore posts in Спорт »