Press "Enter" to skip to content

Пораз на Еурофарм Работник во првото коло од ЕХФ купот во Хановер (фото)

Хановер – Еурофарм Работник 24:21 (16:14)

Ракометарите на Еурофарм Работник се поразени на првото меѓународно претставување во групната фаза од ЕХФ купот во Германија, од екипата на домаќинот, бундеслигашот,  Хановер.

Спортска сала „Свислајф Хол“ во Хановер.

Гледачи: 4.000

Хановер: Цимер, Лесјак, Јохансен 3, Цехте 3, Маверс, Тиле, Певнов 3, Хефнер 2, Бом, Сршен, Олсен 7, Брозовиќ 2, Феисе, Кастенинг 2, Бушер 2

Еурофарм Работник: Чаневски, Трајкоски, Ојлески 1, Маркоски, Талевски, Чурлевски 1, Стјепановиќ, Кузмановски 4, Радовиќ 1, Кукоски, Крстевски 1, Остроушко 4, Граџан 7, Џукиќ 1, Петровски 2

Стартот на натпреварот беше во знак на домашните кои направија +3 во седмата минута, но во 15 минута битолчани израмнија на 15:15, а по неколку грешки домашните повторно сојдоа до +3, а на одмор се отиде со +2 за домашните (16:14).И до средината на второто полувреме ракометарите на Хановер ја одржуваа предноста од 2-3 гола, а во тој период резултатот беше 19:17. Потоа повторно со исто темпо на игра, а во 53 минута Еурофарм Работник стигна на -1 (22:21), за веднаш да се вратат домаќините на +2. До крајот домашните постигнаа уште еден гол за конечни 24:21.

По завршувањето на натпреварот и брзите анализи на тренерот на Еурофарм Работник, Ѓорѓе Чирковиќ, кој добро ја анализира играта на Хановер, рече:

-Честитки за победата на Хановер. По мое мислење, вечерва не загубивме, туку научивме лекција. Знам дека Хановер има проблеми со повредени ракометари и им посакувам да ги надминат тие проблеми. Ние имаме уште пет натпревари да го покажеме нашето најдобро издание.

Михајло Петровски за овој прв натпревар на официјалниот прес рече:-Екипата на Хановер беше поискусна бидејќи игра вакви натпревари во Бундеслигата. Ни создаде многу проблеми Олсен и моравме да ја смениме одбраната за да го сопреме, но пак Хановер најде начин да стигне до бодовите. Промашивме седмерци во вториот дел, прокоцкавме шанси за подвиг и се сложувам со тренерот дека вечерва научивме важна лекција. 

Најефикасни во екипата на Еурофарм Работник беа Граџан со шест и Кузмановски и Остроушко со по четири гола. Еурофарм Работник идниот викенд ќе игра во Битола, во рамките на второто коло, против екипта на Татабања.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.