Нашиот сограѓанин, Филип Божиновски, член на Нинџуци, кој е помошник инструктор, Џиуџицу и ММА борец, во Цирих, Швајцарија, во профи ММА борба освои титула, откако победа со гушење во прва рунда, 4. минута со максимална доминација и контрола на борбата.
Божиновски за оваа профи борба се подготвуваше интензивно еден месец, и подготвен влезе во рингот во Цирих.
За оваа борба и победата, од неговиот тим велат:
-Борбата започна одлично и веќе првиот преден директ заврши во носот на противникот, по што по кратко време противникот нападна со влез за рушење. Филип одлично се одбрани и дојде во позиција да контролира во “north-south“ позиција со заклучка на врат. Во наредните неколку минути имаше надмудрување во партер имајќи предвид дека Рахим Мираједин е “purple belt Bjj“ и добар борач но нашиот борец во ни еден момент не дозволи да ја изгуби контролата за да во 4. минута сработи одлично “takeback“ од “turtle“ позиција и финишира со “rear naked choke“.
Во име н Филип и на клубот, упатуваат благодарност до спонзорите кои помогнаа за оваа борба, какони до менаџерот Урим Саити и сите фанови кои дадоја подршка за нашиот борец да успешно ја продолжи својата спортска кариера и учењето на боречки вештини и спортови.
Be First to Comment