Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: На патот Крклино-Г.Оризари пронајдена граната од Прва светска војна

Во атарот на село Крклино, битолско, односно на парцела лоцирана на локалниот пат помеѓу село Крклино и село Горно Оризари, била пронајдена артилериска граната калибар 75 мм од Прва светска војна.

Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.

More from ВестиMore posts in Вести »