Press "Enter" to skip to content

Дарко Крстески со Пелистер, за прв пат, ја победи Победа во Прилеп

Победа – Пелистер 1:2

Екипата на Пелистер во контролниот натпревар против екипата на прволигашот Победа, забележа победа, со резулта 1:2, а натпреварот се одигра на теренот “Могила“ во Прилеп.

Тренерот на Пелистер, Дарко Крстевски, за прв пат го водеше Пелистер, против својот матичен клуб Победа и ја забележа и првата победа. Пелистер поведе рано со голот на засилувањето Сашо Шопоски, а Победа израмни преку Каланоски.

Победничкиот гол за Пелистер го постигна Илиоски за конечни 1:2.

Како и најави тренерот на Пелистер, Дарко Крстески, им даде шанса на сите фудбалери на кои смета во пролетниот дел на оваа фудбалска сезона, да се докажат и да покажат колку се подготвени.

More from СпортMore posts in Спорт »