Press "Enter" to skip to content

Кошаркарките на Пелистер победија и во Кавадарци за трето место на табелата

Трокал – Пелистер 22:50

Кошаркарките на Пелистер и во 12. коло од првата кошаркарска лига продолжија со победите. Овој пат тие убедливо победија на гостувањето во Кавадарци, против екипата на Трокал.

-Одигравме добро, против противник кој објективно е послаб од нас, но девојките како и на секој натпревар се однесуваа професионално и дадоа се од себе. Ова е екипа која каде и да игра дава максимален учинок, па така беше и во Кавадарци, вели тренерот Горјан Стојановски.

По оваа победа ЖКК Пелистер е третопласиран на табелата во Првата лига со 20 бода од 12 кола, а има осум победи и четири порази. Тие заостануваат само три бода од лидерот на табелата, екипата на Вардар, а второпласирана е екипата на Бадел со 22 бода.

За Пелистер во Кавадарци играа: Ана Стојановски 7, Илина Кулевска 2, Стефанија Костадинова 6, Ангела Трајчевска 4, Теодора  Кузмановска 15, Михаела Ставревска 1, Анастасија Мојсиќ, Норче Мемедова 13, Ана Талевска 5, Теодора Марковска, Александра Караицовска 2.

Битолачани ќе можат да ги гледаат во спорстката сала “Боро Чурлевски“ наредниот викенд кога ја пречекуваат екипата на Струга 2009.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.