Press "Enter" to skip to content

Ѓуро Илиќ ги едуцираше балканските аикидо-мајстори на семинар во Белград (фото)

Битолчанецот, Ѓуро Илиќ, мајстор за реален аикидо, седми дан, викендов, беше еден од предавачите на меѓународниот семинар за реален аикидо и други вештини кој се одржа во Белград, Србија. -Организарот на овој семинар беше Светскиот центар за реален аикидо во Белград, на кој имав предавања на тема “Кршење (temeshivari) и удари во реалниот аикидо“. На предавањето, кое беше наменето за тренери, како и целиот семинар, имаше аикидо мајстори од Србија, Бугарија, Романија, Грција и Македонија. Доста успешен семинар, а јас презентацијата на предавањето ја направив со моите асистенти од Македонија, а дел беа и од Битола, ни рече по враќањето во Битола, Ѓуро Илик, аикидо мајстор 7 дан.Домаќин на семинарот беше Светскиот центар за реален аикидо во Србија, кој го води аикидо мајсторот, Ана Врачаревиќ, која е ќерка на Љубомир Врачаревиќ “таткото“ на оваа модерна боречка вештина.

More from СпортMore posts in Спорт »