Press "Enter" to skip to content

Александар Станојевиќ го официјализира договорот со РК Пелистер

Ракометниот клуб Пелистер го официјализира засилувањето на десната бековска позиција, на која во идниот период ќе игра српскиот интернационалец Александар Станојевиќ, а сето тоа денес беше ставено на хартија со потпишувањето на договорот со Пелистер.

Александар Станојевиќ беше српски интернационалец кој во 2005 година беше вицешампион на светот со тогашната младинска репрезентација на Србија и Црна Гора предводена од Веселин Вујовиќ. Кариерата ја започна во белградски Партизан, а продолжи во Балинген, Гумерсбах, Вецлар, Горење, ПСЖ и Раднички Крагујевац. Настапувал и за екипи од Катар, Саудиска Арабија и Турција.

По потпишувањето на договорот со Пелистер ја разгледал клубската историја  и бил имперсиониран од тоа кој се играл за “зелено-белите” како и бројните трофеи кои ги освоил Пелистер.

Александар Станојевиќ ќе дебитира за Пелистер на утрешниот пријателски натпревар против Струга во салата “Боро Чурлевски“. 

More from СпортMore posts in Спорт »