Press "Enter" to skip to content

Спорт талент ќе носи знаење во Битола, за транзиција од спортска во професионална кариера

Овој викенд во Оденсе, Данска ќе се одржи првиот состанок на учесниците во проектот за промоција на двојни кариери, а учесник ќе биде и претседателот на Спорт Талент од Битола, Зоран Велјановски, со пто продолжува меѓународната соработка и развој на практики.

За целите на овој состанок и за тоа како ќе се реализира овој проект во Македонија Велјановски вели:-Проектот има за цел да се промовираат двојни кариери и транзиција на спортските професионалци во други кариери по завршувањето на спортската кариера. Исто така фокус е даден на образованието во текот на спортувањето и развој на нивните професионални кариери со акцент на спортисти од 14 до 18 години.  Спорт талент е претставник од Македонија, каде заедно со останатите учесници ќе ја извршува реализација на проектот кај нас, согласно обврските кои ќе ни бидат доделени на првиот состанок.

Спорт Талент ќе учестувува во сите наредни настани, работа на терен и промоција, како и во експертскиот дел во создавање на сите едукативни материјали и имплементација на комплетниот систем во самиот образовен или едукативен процес во неколку европски земји.Спортската организација ќе биде дел од 2-годишен проект насловен како “Двојни Професии на спортистите“, односно спортските професионалци.  На битолските спортисти ќе им бидат пренесени слични искуства од останатите земји, каде оваа проблематика е повеќе третирана и се постигнати добри резултати.

Во проектот се вклучени уште и  TS Iron Man од Полска, Interactive Media Knowledge Transfer од Грција, Fundacion Universitaria San Antonio од Шпанија, University of Southern Denmark од Данска, Universita Degli Studi de Salerno од Италија и HNK Gorica од Хрватска.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.