Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на Пелистер ја победија Струга во првата контрола (фото)

Пелистер – Струга 27:24

Ракометарите на Пелистер вечерва ја имаа првата контрола пред стартот на пролетниот дел на Супер лигата, против екипата на Струга.Во натпревар во кој двете екипи играа без калкулации тренерот на Пелистер, Јошко Петровиќ, го направи првиот “увид“ на ракометарите со кои ќе се обиде да стигне до пласман  кој ќе им донесе излез на европска сцена, откако го обезбедија плеј-офот.Во екипата на Пелистер дебитираше засилување на десната бековска позиција, Александар Станојевиќ, а на голот на Пелистер беше повратникот Мартин Јовановски.

More from СпортMore posts in Спорт »