Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник се подготвува за првиот натпревар од ЕХФ купот, поставен “герфлор подот (фото)

Битолскиот супер лигаш се подготвува за неделниот ракометен натпревар од ЕХФ купот, кога Еурофарм Работник ја пречекува екипата на Татабања од Унгарија.

Подготовките се одвиваат забрзано е вчера беше поставена “герфлор“ подлогата над паркетот на теренот во спортската сала, а според строгите правила на ЕХФ ќе се подготвуваат и останатите простории каде ќе престојуваат ракометарите и официјалните лица.

Најверојатно во малата сала во спортската сала ќе биде прес-центарот опремен според стандардите на ЕХФ, а таму ќе биде и просторот каде ќе бидат пречекани гостите и официјалните и официјалните лица.

Вчера попладне ги забележавме и четирите “огнени топови“ кои ќе ја затоплуваат салата во недела.

За акредитациите на новинарите, фоторепортерите и снимателите е објавена е-маил адреса каде до петок треба сите новинарски куќи да обратат, а веќе на три продажни места во Битола се продаваат влезниците за неделниот натпревар.

За денес е закажана и првата прес-конференција на Еурофарм Работник за првиот домашен натпревар од групната фаза на ЕХФ купот.

More from СпортMore posts in Спорт »