Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј брендиран од глава до пети во спортскиот бренд “спортика“ (фото)

Во пресрет на пролетниот дел од сезоната, одбојкарките на Пелистер Волеј како и целиот стручен штаб ја добија новата опрема од брендот  “спортика“, специјализан за опрема за одбојка.Радоста на одбојкарките на Пелистер Волеј кога на вчерашниот тренинг ја добија и промовираа компетната опрема за натпевари и тренинг, не може да се искаже со неколку новинарски редови. Новата опрема која тие ја “задолжија“ е набавена благодарение на нивните генерални спонзори “Евротип“ обложувалници, “Голд Слот Клуб“, “СН осигурителен Брокер“ АД Битола и “СН Финансиско Друштво“, кои се одлучија да застанат зад Пелистер Волеј.Првиот тим и младинската екипа на битолските одбојкарки заедно со стручниот штаб во иднина на одбојкарските терени ќе настапуваат со ново лице, онака како што му доликува на една прволигашка екипа.Екипата на “Битолањуз“ присуствуваше на нивниот тренинг и преку нашиот објектив имате ексклузивна можност први да ги видите фотографиите на овие прекрасни одбојкарки, облечени во новата опрема, кои благодарение на успесите ги постигнуваат веќе се препознатлив бренд, репрезенти на нашиот град, како во Битола, така и на одбојкарските арени насекаде низ државата.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.