Полициска станица Демир Хисар поднесе кривична пријава против И.Т. (23) од Демир Хисар за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“ и против Н.П. (23) од село Слепче, Демир Хисар, Д.Ј. (40) од село Вардино, Демир Хисар и З.М. (38) од Битола за сторено кривично дело „учество во тепачка“.
На 07-и минатиот месец во Демир Хисар пред кафе бар на улица „Битолска“, настанала тепачка помеѓу прво и второпријавениот, од една страна и трето и четвртопријавениот, од друга страна, при што првопријавениот, со нож, му нанел тешка телесна повреда на лице од Битола.