Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолски возачи возеле без возачка, под алкохол и побрзо од дозволеното

-Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 14 февруари, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици при што биле контролирани 373 возачи и возила, извести портпаролот на битолската полиција, Сања Стаматова.

Според Стаматова, при контролата,констатирано е дека 22 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 8 возачи управувале без возачка дозвола, кај 4 возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.

11 возачи се писмено опоменати, а на 56 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 19 прекршочни налози.

Исто така при контролата откриени се и други 80 видови останати прекршоци.