Press "Enter" to skip to content

Се одржа вториот форум од проектот ”Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” (фото)

Во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот Плански регион, во хотелот “Милениум“се одржа вториот форум од серијата регионални форуми кои се реализираат во рамките на проектот: ”Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” финансиски поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска Агенција за развој и соработка (SDC), а го отвори директорот, Гого Видимче.Од втор форим од серијата 4 регионални форуми кои ќе се реализираат во наредниот период, со цел идентификација на проектни идеи за Грантовата шема чии областите на интервенции се: туризмот, животната средина, бизнис инфраструктурата и социјалната инклузија.

На овие регионални форуми на претставниците од јавниот, невладиниот и бизнис секторот ќе им се овозможи преку партиципативен и транспарентен процес на работа да предложат и изберат регионален проект.

Проектот кој ќе се одобри ќе има буџер во износ од околу 80.000 евра, а Центарот за развој на Пелагонискиот Плански регион треба да го имплементира во текот на 2019 година.

More from ВестиMore posts in Вести »