Голема гужва пред вратите на книќарницата на “Просветно Дело“ во Битола, кај дрвеното мовче, каде уште пред да започне промоцијата, продажбата и потпишувањето на книгата која за двајцата јутуберите GP и Steffonator.Младите битолчани чекаа стрпливо и по неколку часа за да стигнат до нивните “ју-туб“ јунаци, Јутуберите GP и Steffonator, да им ја потпишат купената книга, со наслов “Нашиот пат“.
Но, сите кои излегуваа со книгата, веднаш забораваа колку време чекаат, колку се туркале во гужвата, излегуваа со извици “не вервав дека ќе го видам во живо“, и веднаш ги постираа фотографиите на социлајните мрежи, кои ги направија со јутуберите GP и Steffonator.
Голем празник за младите битолчани кои се сретнаа со своите “интернет“ идоли, а секако честитки на издавачот на книгата “Нашиот пат“, издавачката куќа “Просветно дело“, на организацијата и трпенито на сите деца да им излезат во пресрет.
Јутуберите GP и Steffonator трпеливо, иако видно изморени им ги потпишуваа книгите на децата, се фотографираа со нив, и ги примаа подароци кои им ги оставаа, во вид на пораки напишани на хартија.
Според зборовите на луѓето од “Просветно дело“ на денешната промоција покрај од Битола, имало и деца и од околните градови.

Младите битолчани и по неколку часа чекаа за фото со јутуберите GP и Steffonator (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Мозаици на академик Газанфер Бајрам изложени во Офицерски дом во Битола
- Концерт на Битолскиот дувачки оркестар во Битола (фото)
- “Музеите кои значат – Постојани музејски поставки и работа со посетители“ работилница во Завод и Музеј – Битола
- Во МНД Битола промовирана новата книга на проф. д-р Александар Литовски (фото)
- Излезе од печат 13. број на “Современи дијалози“ на МНД Битола