Press "Enter" to skip to content

Деветгодишната  Ева Димитровска, државен првак во татами кик-лајт

Ева Димитровска, од КБК Самурај е државен првак, а Леа Бошевска е поразена во финалето во кик-лајт татами.

Во спортската сала “Работнички“ во Скопје се одржа Државното првенство во кик бокс, за сите возрасни категории, во дисциплините на татами KL (кик-лајт) и ринг (K1 и LK –лоу кик).

На ова прво државно првенство учествуваа сите клубови од државата, а со две натпреварувачки се појави и кик бокс клубот “Самурај“ од Битола.

Најпрво младата кик-боксерка, Ева Димитровска дебитираше во нејзина категорија освојуваќи го златниот медал на само 9 годишна возраст, што е голем успех и мотив за неа да продолжи да тренира и да победува.

Леа Бошевска, нашата искусна репрезентативка, во првото коло ја совлада натпреварувачката Олгица Орешкова, а потоа во финале тесно загуби од Арта Селмани со што го освои второто место, односно сребрен медал.

-Ова е прв тест за нашите натпреварувачи од оваа година и можност да видиме до каде сме во однос на другите натпреварувачи, за да продолжуваме понатаму со посилни подготовки и отстранување на недостатоците кои ги забележм. Ова го потенцирам бидејќи не очекуваат меѓународни натпреварувања оваа сезона на кои се надеваме на уште поголеми успеси, ни изјавија нивните тренери Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска.

Бошевска исто така како наш меѓународен судија беше дел од тимот на судии на државното првенство.