Некогашниот голман на ракометниот клуб Пелистер, Игор Тосковски, останува на голот на германскиот лигаш Аполда.
Со потпишувањето на договор Тосковски, потврди дека е омилен во германскиот клуб и ја има целосната доверба кај Управата на клубот.
-Нашиот број 21 останува број 1 на голот на Аполда во наредните две години, стои на официјалната страна на клубот, а потоа следува и објаснувањето, Игор Тосковски успешно го продолжи својот договор со Аполда 1990.
Коректноста, лојалноста и постетеноста на ракометот која ја имаше Тосе во Пелистер, ја продолжи и во Германија, а Германците тоа го почитуваат.