Советничката група на “Поинаку“ која делува во Советот на општина Битола вечерва се всели во нови простории, каде советниците ќе извршуваат дел од советничките обврски. На отворањето имаше членови, симпатизери и пријатели на советичката група “Поинаку“.
-Потребата да се отвори канцеларија на “Поинаку“ е она што се случува во Советот на општина Битола, граѓаните да бидат известени, а ние како претставници на Советот сме должни тоа да го правиме. Целта на отворањето на канцеларија е сите граѓани кои имаат проблеми, предлози или било какви решенија за одредени проблеми, да дојдат тука, да бидат информирани за случувањата во Советот, да го проследиме проблемот до надлежните локални органи или идеите да бидат прифатени. Или ние да бидеме поблиску до граѓаните, не само кога ги бараме гласовите од граѓаните, но и кога изнаоѓаме решенија. И досега бевме достапни до граѓаните, но се надеваме дека тоа ќе ја подобриме комуникацијата со оние кои сакаат нешто да разберат и имаат некоја потреба со нас нешто да споделат, рече советничката Габрила Илиевска.Советникот Иван Чулаковски, на отворањето рече:
-Нашата канцеларија ќе биде отворена за сите битолчани кои имаа проблеми, предлози, нови работи кои во Битола треба да ги има за поубав град, кои за жал сега надлежните не ги работат. Доколку секој си ја работи работата за која е избран не би имале потреба за дополнителна агенда освен за она за што сме избрани. Ние сме локални советници, ние имале локални проблеми и ние треба да бидеме отворени за решавање на локалните проблеми.
За претстојните претседатески избори, од “Поинаку“ нагласија дека немаат никаква врска со нив и дека тие се независна локална советничка група која работи пред се во Битола, а за тоа што се случува во врвот на државата ќе бидат како и сите останати граѓани во државата. Битола има проблеми и не треба да бидеме во ситуација да се занимаваме со проблемите на централно ниво.
Новите простории на “Поинаку“ на наоѓаат во компексот “Пелагонка 2“, кај “Стара Болница“ на вториот кат.