На вчерашниот скијачки натпревар, меморијал “Стеве Илиевски – Караѓуле“ скијалчкиот клуб Пелистер учествуваше со три млади битолчанки, кои се натпреваруваа во категоријата “Снегулки“.
Во составот на Пелистер за овој меморијал, на кој беа предводени од тренерот Марјан Нашоку, настапија Вања Атлагиќ, Калина Андреевска и ова е прв настап на Димитра Петровска.На трката на Попова Шашка, која да споменем дека имаше и меѓународен карактер, четврто место освои Калина Андреевска (најдобро македонско време во категорија U8), а на петто место се пласира Димитра Петровска (II македонско време во категорија U8).
Според постигнатите времиња двете битолчанки се најдобри во државата во категоријата U8, а за ќал Вања Атлагиќ не ја заврши трката.
Оваа трка е одлично искуство за нашите најмлади скијачки пред кои се останатите предизвици оваа сезона.