Пелистер – Тетекс 4:1
Во пријателскиот натпревар кој фудбалерите на Пелистер го одиграа вчера на теренот “Билјанини извори“ во Охрид забележаа нова победа.
Овој пат, по победата над Победа, мината седмица, ја победија екипата на Тетекс со убедливи 4:1.
Головите за Пелистер ги постигнаа Филип Бошковски кој трипати ја погодуваше мрежата на Тетекс и Благојче Љамчевски.