Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес, во 10 часот, ја закажа 29. седница на Советот на Општината Битола.
За денешната седница е предложен дневен ред на кој се ставени 13 точки, за општинскиот линиски превоз, за дератизација, за предавање на полигонот за авто-школите на “Нискоградба“…
Еве го компелтниот предложен дневен ред:
- 1. Оперативен план и програма за контрола и уништување на комарците на територијата на Општина Битола во2019 година.
- Оперативен план и програма за спроведување на превентивна систематска дератизација на канализациониот систем, јавна депонија Мегленци, дивите депонии и ѓубришта на Општина Битола во 2019 година.
- Одлука за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Битола,
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на линиите на превозниците во општинскиот линиски превоз на патници во Општината Битола.
- Одлука за измена и дополнување на Одлуката за субвенционирање на линии од општинскиот линиски превоз на патници во Општина Битола за 2019 г.
- Одлука за давање на користење и управување објект со намена Е24-полигон сопственост на Општина Битола на КЈП “Нискоградба“.
- Одлука за покривање на трошоците за згрижување на децата од самохрани родители кои го остваруваат правото на ослободување од партиципација во јавните установи за деца на подрачјето на Општина Битола.
- Информација за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност-Битола во текот на второто полугодие од 2018 година.
- Решение за давање согласност на Дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2019 година во КЈП „Нискоградба“ Битола.
- Решение за давање согласност на Одлуката за усвојување на Извештајот на комисиите за попис на основните средства на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола за 2018 г., констатиран и предложен за расход.
- Решение за разрешување и именување на член во Училишен одбор на ОУ „Елпида Караманди“ Битола.
- Одлука за утврдување потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширувањето на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Олевени во идна урбанистичко планска документација (КП бр. 35/2 КО Олевени),
- Одлука за утврдување потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширувањето на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Раштани во идна урбанистичко планска документација (КП бр. 338/21 КО Раштани).