Press "Enter" to skip to content

Спогодбена разделба на Еурофарм Работник и тренерот Ѓорѓе Чирковиќ

Она што сега веќе екс-тренерот на Еурофарм Работник, Ѓорѓе Чирковиќ, го најави меѓу редови на пресот по натпреварот Еурофарм Работник и Татабања и поразот на “фармацевтите“ се оофицијализира.

Еурофарм Работник спогодбено на негово барање го раскина договорот со тренерот Ѓорѓе Чирковиќ и сега тој е слободен, а Еурофарм Работник бара нов тренер.

Инаку, српскиот тренер ја презеде екипата ова лето и за првпат во историјата ја одведе до есенската титула во Суперлигата и до групната фаза на ЕХФ Купот.

Клубот преку веб-страната му се заблагодарува на Чирковиќ за професионалноста, односот и стручната работа и му посакува успеси во приватниот и професионалниот живот.